За Бонес Фарм
 
 
 
Фирмата Бонес Фарм е основана од страна на дипломиран фармацевт Сашо Спасовски во 2002 година, со учество на капитал од Bones group, Србија.
На почетокот Бонес Фарм претставуваше претставништво во Македонија на Bones group и се занимаваше со увоз и трговија на производи.
Во 2004 година дел од технологијата и опремата на Bones group беше пренесена во Бонес фарм, Македонија,па се започна со производство на дел од козметичките производи.
Bones group, Белград, е основан 1993 год. и на почетокот се занимава со трговија на козметички производи, а потоа во 1997 година започна со производство на пасти за заби, а денес веќе имаат милионски тираж на пасти за заби и креми, меѓу кои е и бебешката крема Pavloderm. Со својот инженерско- технички кадар Bones group успеа со сопствена технологија да произведе повеќе видови на козметички производи кои се подредени во повеќе групи:
  • Производи за орална хигиена ( пасти за заби )
  • Производи за нега и обликување на косата ( гелови за коса,шампони, регенератори, лак за коса, масла за коса, к´на )
  • Детска колекција ( Pavloderm и Baby Care колекција : шампон, купка, млеко, паста за заби )
  • Отстранувач на лак за нокти и хидрогени за бојадисување на коса
  • Машка колекција ( крема, пена за бричење, лосиони за после бричење )
  • Препарат за нега на раце ( креми за раце )
  • Сретства за куќна хигиена ( течност за миење садови, за чистење на прозорци )
Очигледен доказ за поставувањето на високи стандарди во производството е добивањето на ИСО 9001 кој гарантира висок квалитет на производите.
Денес Бонес Фарм е фирма која се занимава и со трговија на козметички производи, како и со производство на сопствени артикли. Фирмата има 15 вработени кои се распределени во три оддели: книговодство и финансии, производство, маркетинг и дистрибуција. Основен принцип на политиката на квалитет на Бонес Фарм е креирање на деловен систем за квалитет ориентиран кон купувачите преку воведување на ИСО 9001:2000 систем за квалитет.
Главната цел на Бонес Фарм е задоволни купувачи и производство на квалитетен производ.